Најдолгиот ден во годината, пристига летото!

Денеска е летната долгодневица, најдолгиот ден во годината што го означува почетокот на летото.

Тогаш сончевите зраци паѓаат под прав агол на северното враќање и под најголем агол на северната хемисфера. Денот трае многу подолго, па денешниот ден ќе трае 15 часа и 35 минути. Долгиот ден и положбата на сонцето влијаат и на сончевото зрачење да биде посилно, па УВ индексот деновиве ќе биде многу висок.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Според УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.

Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Оваа година, есенската рамноденица (рамноденица) е на 23 септември, кога завршува летото и започнува есента.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза