Радовиш: Директна инвестиција по изборот на новата влада- Мицкоски најави нов ветерен парк за производство на струјa…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски вчера најави дека првата голема инвестиција на новата влада ќе биде изградба на нов ветерен парк за производство на струја.

Нов ветерен парк за производство на струја ќе биде првата голема инвестиција на новата влада, кој ја најави Мицкоски. Ќе произведува една петтина од струјата која и е потребна на земјава. Без да открие кој ќе го гради и колку ќе чини, Мицкоски најави дека новата ветерниот парк ќе биде директна странска инвестиција во Македонија .

Без да открие кој ќе го гради и колку ќе чини, Мицкоски најави дека новата ветерниот парк ќе биде директна странска инвестиција во Македонија .

„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада со фокус на секторот енергетика, со инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот.

Ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија од приближно еден терават-час, што е еден милион мегават часови, што е приближно 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава. И ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, рече Христијан Мицкоски, Мандатар.

Мицкоски најави и промена на режимот на греење на 600 јавни објекти кои се уште користат фосилно гориво, што директно ќе влијае на намалување на загадувањето, а најголем дел од овие објекти се училишта.

Тој рече дека нема да има двојни стандарди, а новата влада сериозно ќе ги санкционира криминалите извршени во енергетскиот сектор во минатото.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза