Радовиш беше домаќин на меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“ во организација на Фолклорниот ансамбл „Бучим“.
По тој повод, во саботата Градоначалникот Ацо Ристов одржа прием на раководствата на претставниците кои зедоа учество на фестивалот. Беа поздравени гостите од странство и нашата држава, а веднаш потоа се одржа и дефилето како и програмскиот дел на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
Инаку овој фестивал се одржува традиционално по повод празникот на градот „Св.Троица“.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови