По големиот успех што го постигнаа во Барселона, Мима и Јана Јованови учествуваа на 11тото издание на големиот светски пијано натпревар „San Donà di Piave” во Венеција – Италија.
Овој натпревар, кој што е впишан во листата на Alink-Argerich Foundation како еден од најдобрите пијано натпревари, оваа година имаше рекорден број од преку 200 учесници од 30тина земји од Европа, Азија и САД. Од нив, 134 пијанисти се натпреваруваа во живо во преубавиот амбиент на театарот Астра. Нивните изведби ги оценуваше шестчлено стручно жири составено од реномирани професори по пијано од Португалија, Франција, Италија. Хрватска, Естонија и Финска.
Во категоријата А за возраст до 10 години, Мима Јованова освои Втора награда и Сребрен Медал, додека Јана Јованова која беше најмлада во категоријата D освои Трета награда и Бронзен Медал.
Посебна радост и гордост за Македонија е што во Радовиш имаме две исклучително надарени млади пијанистки кои успешно се претставуваат и освојуваат високи награди на големи интернационални натпревари по пијано.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови