Денеска беше одржана 50 седница на Советот на општина Радовиш со која на почетокот заседаваше најстариот член на Советот Ванчо Ристов.
На оваа седница Советниците работеа со Дневен ред од 27 точки и две точки дополнување на дневниот ред.
По прифатената оставка на Претседателката Моника Трајанова која веќе ја извршува функцијата Пратеник во Соборанието на Република Македонија, денеска советниците доставија предлог до Кандидационата комисија за избор на нов претседател и советниците го именуваа и избра Страхил Гавритов за нов Претседател на Советот на општина Радовиш.
Седницата беше одржана во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш, а после гласањето и изборот на претседател се продолжи со дневниот ред, советниците имаа можност да разгледуваат и дебатираат за голем број на Предлог-програми и Предлог-одлуки. На почетокот Советниците имаа можност да поставуваа советнички прашања на кои одговараше Градоначалникот Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови