Општина Радовиш распиша Јавен повик за користење средства за добивање на субвенција на млади лица за полагање на возачки испит од Б категорија.
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година ќе се доделуваат на корисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст.
На барателот/физичкото лице што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од Б категорија во висина од 8.000,00 денари. Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит – добиена возачка дозвола од Б категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање најдоцна до 1 Декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 Декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.
Повеќе на следниот линк на Општина Радовиш – ЈАВЕН ПОВИК
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови