Тимот фризери од Македонија заедно со „Магдалена Бјути“ од Радовиш се закити со првото место на интернационланиот натпреавар во Сараево

На интернационалниот натпревaр кој беше одржан во Сарево учествувале фризери и стилисти од Србија, Црна Гора, Хрватска, Македонија и домаќините Босна и Херцеговина.

Македонија беше претставена од тимот фризери во кој беше и Студиото „Магдалена Бјути” од Радовиш заедно со Стојче Трајчева кои освоија прво место на овој интернационален натпревар “Nook international day„. Со освоената победа се стекнуваме со право натпреварот наредната година да се одржи во Македонија.

Темите за креација беа вода, воздух, оган и земја. Јас ја одбрав темата вода и направив фризура која ја освои публиката и стручното жири. Многу сум горда на својот успех, бидејќи имав можност да ги претставам своите идеи и знаење на најдобар начин, се надеваме дека ќе се покажаме во најдобро светло како добри домаќини и на најдобар начин ќе ги претстававиме убавините на нашата земја следната година. Наградата многу ми значи и поради тоа што учествував на еден нов тимски натпревар. Заедно со моите колешки Нате од Куманово и Габи од Прилеп, имавме незаборавно искуство и дружење, а голема благодарност и до Maksi Exluziv од Македонија, кој беше организатор да заминеме на натпреварот“ – истакна Стојче Трајчева.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза