Отворена изложбата по повод светскиот ден на хералдиката, во Радовиш претставени над 70 грбови поврзани со Македонија…

По повод 10 јуни, светскиот ден на хералдиката, Македонското грбословно друштво и центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш организираа изложба со наслов „Македонија во светот на хералдиката“ во Градската галерија во Радовиш. На изложбата беа претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век.

Изложбата на 35 панели се состои од два дела. Првиот дел е за историските грбови поврзани со Македонија од 14-18 век, поделен во 3 дела: Грбовите: на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот на Александар Македонски и на принцот Македон од Ематија.

Вториот дел е за современите грбови во Македонија, поделен во 3 дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови. Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.

Отворањето на изложбата беше синоќа во 20 часот, на која имаше пригодна културна програма.

 


На 10 јуни 1128 година, во Руен (сегашна Франција) англискиот крал Хенри I го прогласил својот иден зет, Годфри Плантагенет за витез. Во таа прилика му доделил грб, на син штит, шест златни лавови 3-2-1, кој се смета за прв запис за доделување на грб во историјата. Затоа овој датум се прославува како светски ден на хералдиката.

Хералдика или грбословие — наука која се занимава со правилата кои владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји.

 

Автори на изложбата се потпретседателот Иван Нацевски и претседателот д-р Јован Јоновски на македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија.

Промотор на изложбата беше публицистот Ставре Џиков.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза