Меѓународната ликовна колонија која ќе трае од 10 – 14 јуни ја отвори Градоначалникот општина Радовиш Ацо Ристов, посакувајќи им срдечно добредојде и пријатен престој на сите уметници во Радовиш. Поздравно обраќање имаше и Претседателот на Друштвото на ликовни уметници од Радовиш Душан Коцев.
Отварањето беше збогатено со изложбата на уметнички дела од нашиот ликовен уметник Томе Даневски.
Ликовната колонија ќе се реализира на манастирскиот комплекс „Св.Георгија“ во Ораовица а ќе биде отворена до 14-ти Јуни кога е предвидено нејзино свечено затварање, а на неа ќе учествуват 15 уметници од Македонија и странство.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови