Учениците од шесто одделение од ООУ „Никола Карев“ денеска беа во посета на општина Радовиш и се запознаа со работата на администрација, Градоначалникот и службите во општината.
Во општината топол пречек им приредија Градоначалникот Ацо Ристов и Секретарот на Општина Радовиш Љупче Почивалец.
Денешната посета на дечињата од основното училиште беше во склоп на нивната предметна настава по граѓанско образование.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови