Презентиран проектот ветерен парк во Радовиш-Штип-Карбинци вреден над 400 милиони долари

Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 400 милиони долари, денеска официјално беше претставен во Скопје. На настанот се обрати Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Инвестицијата на Алказар Енерџи, како што најави премиерот Мицкоски, ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.

“Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот го објавуваме заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 – 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор”, изјави Мицкоски.

 

Нагласи дека за проектот нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја, а тоа ќе ја направи земјата енергетски балансирана. 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза