Градоначалникот Ацо Ристов, денес во салата за состаноци во општина Радовиш одржа прием на ракометарите, стручниот штаб и управата на РК „Радовиш“, кои преку бараж натпревар повторно остварија пласман во Супер ракометната лига на Македонија.
Во изминатата 2023/24 сезона, РК „Радовиш“ својот настап во прволигашкиот плеј-оф го заврши на второто место, изборувајќи се за суперлигашки бараж каде со спортска среќа и магичен гол на Здравко Постолов, направија камбек во македонското најелитно ракометно натпреварување, каде во наредната сезона ќе се натпреваруваат 12 силни тимови.
Честитајки им на постигнатиот успех со кој се гордее целата наша општина, Градоначалникот Ристов им посака уште поголема мотивација во наредната сезона, поголема поддршка за сите категории кои ќе се натпреваруваат и секако она што е најважно – полни трибини и уште поголема спортска поддршка во Спортската сала „25 Мај“.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови