Почитувани сегашни и идни крводарители,
ОО Црвен крст Радовиш организира крводарителска акција. Ве покануваат да земете учество на крводарителската акцијата која ќе се одржи на 09.07.2024 година во просториите на ОО Црвен крст Радовиш со почеток од 09:00.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ве очекуваме,
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.
Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови