Екипите на изведувачот ја завршија првата фаза од акцијата за санирање на ударните дупки на градските сообраќајници, санирани се најоштетените делови на асфалтот, а денеска се започна со пополнување и асфалтирње на овие дупки.
Во наредните денови ќе се продолжи со санација и на другите критични места според Програмата за одржување на улици. Овие активности на општината се во склоп на претходно склучениот договор за одржување, реконструкција-надградба на постоечкиот асфалтен коловоз низ градот и населените места.
Утре се предвидува да се заврши и улицата 22 Октомври која е веќе подготвена за асфалтирање со нов асфалтен слој – информираат од општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови