Во саботата во 21:25 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Е.З.(23), Џ.З.(30), Д.З.(22), З.М.(25) и Д.У.(26), сите од Струмица. При преглед на патничко возило „Мерцедес“ во кое се превезувале била пронајдена марихуана, информираат од СВР Струмица.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
*Фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови