На 22.07.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на 21.07.2024 во 19.30 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, З.А.(41) од Радовиш, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на земјен пат.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., констатирани во Медицински центар Штип.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
* фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови