ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА – Продолжување на роковите за јавни повици за превоз на работници и изведба на фасадерски работи

Продолжување на роковите за јавни повици за превоз на работници и изведба на фасадерски работи

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ ги известуваат сите заинтересирани страни дека роковите за доставување на понудите за следниве јавни повици се продолжени:

  1. Превоз на вработени:

 https://bucim.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/20240731-TEN-07-Превоз-на-вработени.pdfтендерите

  1. Изведба на фасадерски работи:

https://bucim.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/20240731-TEN-06-______.pdf

Оваа одлука е донесена поради доставувањето на само една понуда во претходниот рок, како и непочитувањето на укажаните услови, што доведе до дисквалификација на понудувачот.

Како транспарентни компании, рудниците Боров Дол и Бучим се стремат да овозможат фер и праведен процес, што ќе овозможи правичен избор на најповолниот и најквалитетниот понудувач. Со продолжувањето на рокот, им се дава можност на сите заинтересирани страни да поднесат понуди кои ќе ги исполнат сите критериуми.

Сите заинтересирани понудувачи можат да ги добијат подеталните информации за бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација во прикачената тендерска документација.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса [email protected]

Крајниот рок за доставување на понудите е 19 август 2024 година.

 

Радовиш, 08.08.2024

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза