Оглас за вработување во Рудникот Боров Дол

Рудникот Боров Дол распиша оглас за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Оглас за Геолог

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Картирање на јадро од дупчотини ;
  • картирање на терен ;
  • следење на утовар на руда ;
  • оконтурување на рудното тело ;
  • маркирање и лоцирање на експлоатациони дупчотини ;
  • опробување од место на утовар ;
  • ажурирање на состојби од терен
  • Цртање и ажурирање на профили
  • Вршење на сродни задачи согласно квалификациите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС (Геологија);
  • Способност за тимско работење
  • Познавање на AutoCAD
  • Пожелно познавање на оперативни програми – Micromine и Vulcan

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Почетен договор на определено време со можност за продолжување

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00 – 14:00 часот;
  • 04:00 – 22:00 часот;
  • 22:00 – 06:00 часот.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], со назнака за оглас за “Геолог”. 

Краен рок за аплицирање е до 19.08.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза