Утре ги славиме двата историски Илиндена, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Поклонувајки се пред ликот и делото на славните илинденци, револуционери и сите јунаци кои се бореа и изборија за денешна независна и слободна Македонија.
Сеќавајќи се на нивните дела, наша обврска е да ја продолжиме нивната борба и да придонесеме Македонија да биде поуспешна, просперитетна и држава.
Во Паркот на млади во Радовиш, на спомен обележјето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, по повод утрешниот празник беше положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на големиот национален празник „Илинден“.
По тој повод свежо цвеќе положија повеќе делегации.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови