Референт за платен промет – Оглас за вработување во Рудникот Боров Дол

Рудникот Боров Дол распиша оглас за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Референт за платен промет

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Планирање и спроведување на плаќања – Изработка на дневен и неделен план за плаќања кон добавувачи, вработени, даночни и други институции;
  • Извршување на трансакции – Спроведување на плаќања преку електронско банкарство, платежни налози и други финансиски инструменти;
  • Контрола на приливите и одливите – Следење и евиденција на приливите од продажби и одливите за плаќања кон добавувачи и други обврски;
  • Изработка на финансиски извештаи – Редовна изработка на извештаи за платен промет и парични текови за менаџментот и сметководството;
  • Банкарски извештаи и усогласување – Контрола и усогласување на банкарските извештаи со сметководствените записи за прецизност на финансиските податоци;
  • Комуникација со банки – Комуникација со банкарски претставници за извршување на плаќања, кредити и други банкарски услуги;
  • Планирање на парични текови – Прогнозирање и управување со паричните текови за да се обезбеди соодветна ликвидност и навремено исполнување на финансиските обврски;
  • Оптимизација на плаќања – Планирање и управување со временските рамки на плаќањата за оптимално искористување на расположливите средства;
  • Плаќање на добавувачи – Контрола на фактурите од добавувачите и обезбедување навремени плаќања согласно договорените услови;
  • Обработка на плати – Вршење на плаќања на плати, бонуси и други примања на вработените во согласност со договорите и законските прописи.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од 2 години во областа на сметководство и финансии;
  • Предност ќе имаат кандидати со Сертификат за овластен сметководител;
  • Познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected] со Диплома за завршено образование, со назнака за оглас за “Референт за платен промет”. 

Краен рок за аплицирање е до 06.10.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза