Оглас за вработување во Рудникот Бучим

Рудникот Бучим распиша оглас за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Референт за набавки

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Истражување на пазарот за добавувачи:
  • Следење на пазарот за да се идентификуваат најдобри добавувачи со цел да се постигне оптимален квалитет и цена;
  • Проценка на потенцијални добавувачи врз основа на квалитет, цена, рокови на испорака и други релевантни критериуми.

 

  • Преговарање и склучување на договори:
  • Преговарање за условите на договорите (цени, услови за испорака, рокови и други услови);
  • Изработка и потпишување на понуди, нарачки и договори со избраните добавувачи, во согласност со внатрешните правила на Друштвото.

 

  • Планирање на набавки:
  • Координација со другите оддели за да се осигури навремено и ефективно снабдување со потребните материјали и услуги.

 

  • Комуникација со добавувачи:
  • Одржување на постојани контакти со добавувачите и следење на нивните перформанси;
  • Редовно оценување на добавувачите според утврдени стандарди, за да се осигураат квалитетни производи и услуги.

 

  • Управување со документација:
  • Прибирање, доставување и комплетирање на сите релевантни документи поврзани со процесот на набавки (понуди, договори, фактури…);
  • Обезбедување на целосна документација според внатрешни правила со цел лесен пристап при ревизија или контрола.

 

  • Управување со ризици:
  • Идентификација и проценка на потенцијалните ризици во процесот на набавки (зголемување на цени, доцнење на испораки…);
  • Развивање на стратегии за управување со овие ризици, вклучувајќи развој на резервни планови.

 

  • Следење на залихите:
  • Контрола за одржување на оптимални залихи во склад со потребите на Друштвото;
  • Комуникација со магацин со цел непречен прием на набавените материјали.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од 2 години во областа;
  • Познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 

 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок од:

  • 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected] со Диплома за завршено образование, со назнака за оглас за “Референт за набавки”. 

 

Краен рок за аплицирање е до 09.10.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза