Oгласи за вработување во Рудникот Боров Дол! Се бара ракувач на багер и Референт за платен промет

Рудникот Боров Дол распиша огласи за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Оглас за ракувач на багер  

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Ракува со багерот кое му е основно средство за производство – утовар
  • Правилно и совесно ракува со багерот, води сметка околу неговото одржување, врши проверка на почетокот и крајот на смената;
  • Навремено ги пријавува сите присутни проблеми и активно учествува во отклонувањето на истите;
  • Строго се придржува и ги почитува дадените упатства од страна на претпоставениот;

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно образование;
  • Работно искуство 2 години
  • Способност за тимско работење
  • Познавање на работа со утоварни машини

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Почетен договор на определено време со можност за продолжување

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00 – 14:00 часот
  • 14:00 – 22:00 часот
  • 22:00 – 06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Ракувач на багер “.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.

 

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Оглас за Референт за платен промет  

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Планирање и спроведување на плаќања – Изработка на дневен и неделен план за плаќања кон добавувачи, вработени, даночни и други институции;
  • Извршување на трансакции – Спроведување на плаќања преку електронско банкарство, платежни налози и други финансиски инструменти;
  • Контрола на приливите и одливите – Следење и евиденција на приливите од продажби и одливите за плаќања кон добавувачи и други обврски;
  • Изработка на финансиски извештаи – Редовна изработка на извештаи за платен промет и парични текови за менаџментот и сметководството;
  • Банкарски извештаи и усогласување – Контрола и усогласување на банкарските извештаи со сметководствените записи за прецизност на финансиските податоци;
  • Комуникација со банки – Комуникација со банкарски претставници за извршување на плаќања, кредити и други банкарски услуги;
  • Планирање на парични текови – Прогнозирање и управување со паричните текови за да се обезбеди соодветна ликвидност и навремено исполнување на финансиските обврски;
  • Оптимизација на плаќања – Планирање и управување со временските рамки на плаќањата за оптимално искористување на расположливите средства;
  • Плаќање на добавувачи – Контрола на фактурите од добавувачите и обезбедување навремени плаќања согласно договорените услови;
  • Обработка на плати – Вршење на плаќања на плати, бонуси и други примања на вработените во согласност со договорите и законските прописи.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од 2 години во областа на сметководство и финансии;
  • Предност ќе имаат кандидати со Сертификат за овластен сметководител;
  • Познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок од:

  • 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Референт за платен промет”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.

 

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза