ЗАДУШНИЦА– спомен за починатите

Црквата го нарекува рамноапостол заради неговите успеси во проповедта на Евангелието, слични како на апостолите. Во време на император Антонин беше епископ во Ерапол, Фригија. Заради неговиот доблесен живот и чудата што ги правеше во Христово име, малку по малку се крсти целиот Ерапол, инаку до тоа време скоро чисто пагански град. На старост бил повикан во Рим, каде што ја исцелил полудената царева ќерка. Го проповедал Евангелието и во Сирија и Месопотамија. Овој Христов светилник се пресели во небесните населби кон крајот на вториот век, откако доживеа длабока старост.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде што преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив.

Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза