ДЕНЕШЕН ДЕН 29 НОЕМВРИ …

Во 1943 г. во градот Јајце, Босна и Херцеговина, се одржало  ВТОРО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ (ВЕЌЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (АВНОЈ). АВНОЈ бил највисоко политичко и претставничко тело на антифашистичката борба.

Меѓу делегатите имало членови и приврзаници на Комунистичката партија на Југославија, на Хрватската селанска партија, на Муслиманската заедница, од Партијата на христијански социјалисти, од Партијата на самостојни демократи, од Радикалната партија, од Српската земјоделска партија… Имало и делегати од Македонија, не тие не биле присутни на Заседанието. Со заседанието претседавал Иван Рибар, а во работното претседателство биле: др Јосип Видмар, др Павле Грегориќ, др Воислав Кецмановиќ, лекарот Иван Милутиновиќ, православниот свештеник Владо Зечевиќ, лекарот Златан Сремац, Сулејман Филиповиќ и Сретен Жујовиќ. Со своите решенија ја конституира нова Југославија како федеративна држава составена од шест републики, на пет нации. Со тоа го прекинало континуитетот со Кралството Југославија, во која не било признато постоењето на македонскиот народ.

Македонија била прогласена за држава конститутивна членка на југословенската федерација.

Донесени се одлуки со кои биле конституирани највисоките органи на државната власт на Демократска Федератив­на Југославија, односно бил формиран НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА како највисок извршен орган на власта, односно како орган за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на влада по ослободувањето на земјата. Ги имал сите прерогативи и овластувања на Привремена влада на ДФ Југославија. Освен претседателот Јосип Броз Тито и тројцата потпретседатели, имал повереници што ги раководеле одделните поверенства што извршувале задачи на извршни ресорни органи на власта. За потпретседатели на АВНОЈ биле предложени Димитар Влахов и Владимир Поптомов, кој не ја прифатил функцијата. Одлуките на Второто заседние на АВНОЈ биле основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација.

Во Решението за изградување на Југославија врз федеративен принцип донесено на Второто заседание на АВНОЈ се вели и:

1) Народите на Југославија никогаш не го признавале и не го признаваат распарчувањето на Југославија од страна на фашистич­ките империјалисти и ја докажаа во заеднич­ката вооружена борба својата цврста волја и натаму да останат обединети во Југославија.;

2) За да се оствари принципот на сувере­носта на народите на Југославија, за да претставува Југославија вистинска татковина на сите свои народи и за да не стане никогаш веќе домен на која и да било хегемонистичка клика, Југославија се изградува и ќе се из­гради врз федеративни принцими, кои ќе им осигурат целосна раммоправност на Срби­те, Хрватите, Словенците, Македонците и Црнорорците, односно на народите на Срби­ја, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.;

3) Во согласност со таквата федеративна изградба на Југославија, која се темели врз најцелосни демократски права, е фактот што веќе сега, во времето на Народноослободителната борба, основните органи на народ­ната власт кај одделни народи на Југославија ги прететавуваат народноослободителните одбори на земските антифашистички собра­нија на народното ослободување…;

4) На националните малцинства во Југославија ќе им се обезбедат сите национални права”.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза