Рудникот Бучим распиша оглас за вработување

Рудникот Бучим распиша огласи за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Инженер информатичар

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одржување и управување со информациските системи: Осигурување дека сите информациски системи се функционални и подготвени за употреба. Редовно следење на системите за навремено откривање и решавање на проблеми.
  • Отстранување грешки и дефекти на информациската инфраструктура: Навремено дијагностицирање и корекција на грешки и дефекти за да се обезбеди непречен тек на работата во компанијата.
  • Одржување на компјутерски програми за корисници: Обезбедување функционалност и поддршка на програмите што ги користат корисниците, како и контрола и обработка на податоци за да се задоволат потребите на компанијата.
  • Креирање на мрежна инфраструктура и контрола на пристап: Креирање и одржување на мрежната инфраструктура, поставување корисници и управување со пристап до податоци, согласно безбедносните политики.
  • Имплементирање и тестирање на нова опрема и софтвер: Тестирање и воведување нова работна опрема и софтверски решенија за да се подобрат оперативните процеси и ефикасноста на работата.
  • Развивање безбедносни мерки и контроли: Имплементирање на ИТ правила и мерки за безбедност, како и контроли за заштита на информациите и податоците во компанијата.
  • Извршување дополнителни задачи од стручниот домен: Вршење на други релевантни активности кои припаѓаат на областа на ИТ и се потребни за поддршка на оперативните процеси.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС (Дипломиран инженер по информатика, компјутерска техника и автоматика)
  • Пожелно работно искуство од 3 години во областа на:

– оперативни системи, инсталација, одржување, надградба и мониторинг

– конфигурација, одржување и управување со мрежната инфраструктура, рутери и свичеви

– стандардни и специјализирани компјутерски алатки, софтвери и решенија

  • Познавање на MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за тимска работа;
  • Возачка дозвола Б категорија;

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Од понеделник до петок во временски период од:

  • 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Инженер информатичар”.

Краен рок за поднесување на апликации: 25.11.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза