Започнаа 51. Караманови поетски средби. Вечерва свеченото доделување на наградите

Започна  51. издание на Меѓународната поетска манифестација „Караманови средби“. На отворањето беа промовирани книгите за деца „Големата и малата мечка“ (раскази за деца) и баснарката „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски.

Свеченото отворање е вечерва во Музејот на љубовта и уметноста со доделување на наградата „Караманов 2024“ за најдобра книга од македонски автори на поетесата Ирена Павлова Де Одорико за книгата „Новоженство“ и Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ на руската поетеса Олга Панкина за книгата „Меѓусебна потрага“.


Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш и Организациониот одбор на 51– те „Караманови поетски средби 2024“ 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза