Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомотосојузот на Македонија известува дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.
-Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, информира АМСМ.
Потсетува и дека од 15 ноември е затворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, за сите видови возила.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови