Во Конче се одржа првата сесија од Форумите на заедницата подржана од Швајцарската Влада, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија
Преку оваа форумска сесија се прави директното вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки за развој и финансирање проекти е дел од стратегијата за подобрување на транспарентноста на работењето на општината за конкретните потреби на сите граѓани.
Сакам да ја искажам огромната благодарност до големиот брај на граѓани за големиот интерес и можноста заедно да дискутираме за идеите и потребите за подобрување на општествените услови- истакна Градоначалникот Златко Ристов на вчерашната форумска сесија.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови