Никола Крстев ака Лојал, хипхоп артист роден и израснат во Радовиш, кој твори повеќе од 15 години рап музика со нов видео запис за неговата нова воедно и една од социјално позначајните песни.
Во текстот и видео записот е сликовито прикажана реалната и трогателна приказна на градот и засегнатоста на огромен дел од семејствата во градот и селата од егзистенционалната криза која со години наназад не’ демнее, како и мала ретроспектива на убавите времиња оттогаш кои будат спомени и изнудиваат носталгија кај старо и младо.
На видео записот се работи посветено околу пола година заедно со тим, во кој секој бил задолжен за одредена цел. Идејата за видео записот е на Никола Крстев заедно со музиката, текстот и микс и аранжманот, додека аудио продукцијата е на Владо Чорев од Струмица, а зад камера и видео продукцијата стои Сашко Петров од Радовиш, а зад дрон снимките стои Љупче Ужевски од Радовиш, видео учесници се: Леон Фенов и Зорица Крстева.
Целта на овој музички запис како што Лојал вели била да се допре до народот, па и до повисоките органи за со надеж да се дигне свеста за подобрување на ситуацијата за со копнеж еден ден сите заедно да се вратат во родното место – вели Никола.
Горд е што конечно проектот е реализиран и веќе од неговиот исход и вооедно благодарен на сите кои допринесоа да се реализира без никакви спонзори, потпомогнато со целокупната поддршка и идеи од неговата понежна половина.
Воедно тој се заблагодарува на сите кои директно и индиректно учествуваа во овој видео запис.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови