ОПШТИНА РАДОВИШ РАСПИШA КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ПРИЗНАНИЈА И ПЛАКЕТИ ЗА 2022 ГОДИНА.

Конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година.

На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, установи и организации, поединци, група творци и здруженија на граѓани од областа на занаетчиството, угостителската дејност, стопанството, образование, спорт и култура, здравство и социјално хуманитарна дејност во општина Радовиш.

 


 

Во Јавниот конкурс се вели:

Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе:

 

Р Е Ш Е Н И Е

за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година

  1. Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година
  2. На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, установи и организации, поединци, група творци и здруженија на граѓани од областа на занаетчиството, угостителската дејност, стопанството, образование, спорт и култура, здравство и социјално хуманитарна дејност во општина Радовиш.
  • Потребни документи за поднесување се :

– Податоци за предложеното физичко или правно лице;

– Образложение за предлогот по конкурсот;

  1. Период за доставување на документите од 19.10.2022 год. заклучно со 28.10.2022 год.

Документите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2022 год.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.

 

Повеќе информации на www.radovis.gov.mk

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации