ТРАУМИ, НАПАДИ И ПОВРЕДИ ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО ВИНИЦА

Денешниот натпревар од третата фудбалска лига за нашите фудбалери и стручниот штаб бил од голем ризик за безбедноста.

Како што не информираа судиската четворка заедно со делегатот од Струмица кои беа делегирани на овој натпревар помеѓу домаќинот ФК Слога и радовишки ФК Детонит и покрај повеќето прекини и напади врз нашите играчи, со пиротехнички материјали и тврди предмети со видливи повреди кои се здобиле тренерот и дел од стручниот штаб, делегатот заклучил дека треба да се продолжи. ФК Детонит поведе во 5 минута но судиите го поништиле голот.

Публиката како што гледаме од фотографиите не успеала да се смири и на интервенцијата од полицијата, биле мавани лимеки со пиво, шишиња со што тренерот се здобил со лузна на лицето, подоцна полицијата била принудена да ги испразни трибините.

Да ги погледнеме фотографиите и се замислиме дали ние сме безбедни и навистина треба да продолжиме и учестваме во вакво првенство каде што место фер играта, фудбалот преовладува насилството!

ФК Детонит се повлече од натпреварот но делегатот заклучи дека ги има условите за продолжување, со што беше вратен на теренот.

Дали овие домаќини кои се претенденти за влез во втората фудбалска лига се зрели да бидат домаќини и организатори на домашните натпревари, дали судиите и делегатот кој го водеа денешниот натпревар се на вистинско професионално ниво?

Се надеваме дека и ФФМ ќе ги погледне и видео снимките и ќе донесе правилна одлука и отцена за овој натпревар – не информираат од ФК Детонит.

 

 

 




 






 

 




 





 

Related Articles

Временска прогноза