Активистките на Женска акција Радовиш спроведоа улична акција во рамките на проектот „Активни жени – подобри општини“ чија цел е унапредување на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво. Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија. Целта на акцијата беше идентификување на проблемите со кои се соочуваат жените во општина Радовиш и давање на предлози како и за што да се потрошат општинските пари во 2020 година. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ЏУДИСТИТЕ ОД „СЕНСЕИ“ УЧЕСТВУВАА И СЕ ВРАТИЈА СО НАГРАДИ ОД ТУРНИРОТ „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА