Почитувани сограѓани, Како Градоначалник на Општина Радовиш и Командант на Кризниот штаб, а во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје – Штип, поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат следните препораки со цел заштита на здравјето и безбедноста: Да се избегнува непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периоди кога чадот е најинтензивен; Да се следат известувањата и препораките од надлежните институции преку радио, телевизија, интернет портали и мобилни апликации; Да се почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување доколку тоа биде побарано од надлежните служби; Прозорците и вратите во домовите и работните простории да се држат затворени; Да се исклучат клима уредите и системите за вентилација кои внесуваат надворешен воздух; Граѓаните да престојуваат во затворени простории со што помалку отвори кон надвор; Да не се приближува и да не се воспоставува контакт со отпад или предмети од погоденото подрачје сè до добивање официјална дозвола од надлежните служби; Да се користат заштитни маски што филтрираат честички, при што најдобра заштита обезбедуваат маски од типот FFP2, FFP3 или N95; Да се избегнуваат спортски, рекреативни и други активности на отворено; Да не се дозволува престој на деца на отворено, особено во дворовите на градинките и училиштата; Посебна заштита да се обезбеди за ранливите категории граѓани – децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања, кои треба да останат во најзаштитените простории; Доколку се појават симптоми како отежнато дишење, кашлица, печење во очите, вртоглавица или други здравствени тегоби, веднаш да се побара медицинска помош; Се препорачува работодавачите, согласно можностите, да овозможат ослободување од работа или работа од дома за ризичните категории вработени. Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот. Апелираме на смиреност, одговорност и почитување на препораките, со цел заеднички да го заштитиме здравјето на граѓаните. Градоначалник на Општина Радовиш Командант на Кризниот штаб Љупче Почивалец © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот 20 Мај – Ден на пожарникарите!