Нашиот Илија Атанасов од боречкиот клуб Бучим од Радовиш во категоријата У15 учествуваше на европското првенство кое беше одржано во Софија, Бугарија. Илија имаше настап во категоријата 85 кг. и имаше тешка и исцрпувачка борба со Грузискиот претставник каде што нашата млада боречка надеж имаше пораз со резултат 7:11. Неговиот ментор и тренер Горан Атанасов заедно со претседателот на клубот во интервјуто за нашата редакција се задоволни од прикажаната борба од Илија, кое му е оваа прво натпреварување од ваков карактер. Илија од овој настап докажа дека пред него претстои убава и блескава кариера. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ИНТЕРВЈУ СО ПОЕТОТ И ЕСЕИСТ БОРЧЕ ПАНОВ – добитник на наградата за најдобар странски автор – Premio “Le Occasioni” во Италија во конкуренција од 662 учесници РК РАДОВИШ ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОВАА СЕЗОНА – обезбеден опстанок во Супер ракометната лига на Македонија