Вчера во организација на Црвен крст Општинска организација Радовиш и ИТМ Штип во просториите на ООЦК Радовиш се спроведе доброволна крводарителска акција. На оваа акција доброволно даруваа 40 крводарители, односно собрани се 40 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Општина Радовиш. Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени, велат од ОО Црвен крст. Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите искажуваат од ОО Црвен крст. *фото: ОО Црвен крст Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] [metaslider id=”9079″] [metaslider id=”19490″] Post navigation ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА ОД НОЌЕСКА НА ПОЛНОЌ ОД УТРЕ, ЗА СРБИЈА ЌЕ СЕ ПАТУВА БЕЗ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЦР ТЕСТ