Во работна посета на општина Радовиш вчера беше Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин и Ѓорги Тасев- посебен советник за млади и спорт во Владата.

На средбата се разговараше за спроведување на одлуката на Владата, спортските објекти во општините да бидат префрлени под јурисдикција на самите општини.

Сето ова е во насок на подобрување на функционирањето на спортските објекти, со оваа одлука ќе се реши и долгогодишниот нерешен статус на спортската сала „25 мај“ во нашиот град, каде што спортските клубови и рекреативци ќе имат подобри услови за спортување и одржување на своите тренинзи.

Извор: Општина Радовиш








 






 

 



 




error: Содржината е заштитена !!