Градоначалникот Герасим Конзулов вчера оствари средба и прием на шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар. Оваа средба се одржа после свеченоста и пуштањето во употреба на пречестителната станица за третман на отпадни води во Радовиш која е изградена со помош на ЕУ фондовите. Градоначалникот Герасим Конзулов уште еднаш му се заблагодари на амбасадорот Жбогар за овој проект и поддршката која ја дава ЕУ на нашата општина, со желба за продолжување со други успешни проекти кои ќе бидат од огромна значање и корист за граѓаните на општина Радовиш. Шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар истакна дека заштитата на животната средина и создавањето услови за поквалитетен живот и одржлив развој е една од главните определби на ЕУ во поддршката што ја дава на различни проекти во земјава, ЕУ останува партнер на државата и ќе продолжи да поддржува проекти во интерес на граѓаните. Post navigation ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД ПРВАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА УЧИЛИШТЕТО ВО ИЊЕВО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ВО ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО – ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „3ЕМ“