Избраниците на народот се вратија од одмор. До изборите пред официјално да почне кампањата се очекува да бидат свикани неколку седници и неколку собраниски комисии, а на 12ти септември ќе биде донесена и декларација за фер и демократски избори брифираше собранискиот спикер Гаши на средбата со медиумите . – Со декларацијата која ќе ја потпишаат парламентарните партии се обврзуваме на фер и демократски изборен процес . Крајно време е да сфатиме дека изборите не треба да се третираат како да се последни туку како опција за подобрување на животот на граѓаните и локалната власт. Мислам дека оваа декларација е добро да се потпише и да испратиме порака собраниската говорница во пресрет на изборите да не се користи за политички цели . Работата на пратениците официјално продолжи денеска, на 25 август, по летниот одмор кој претходно беше прекинат на 16 август, поради итна седница за измените на Изборниот законик по скратена постапка. Тогаш предлогот не помина поради недостиг на Бадентерово мнозинство. Гаши информираше дека по собраниската седница на која не беа изгласани измените во изборниот законик за сега од страна на партиите нема иницијатива за било какви преговори или евентуално нови измени во изборниот законик пред престојните локалните избори. Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да одржува пленарни седници и седници на комисиите до пред 29 септември бидејќи потоа почнува изборната кампања. За сега е познато дека ќе се одржат седници на 2 ти и на 12 септември кога ќе биде и онаа за пратенички прашања. Собранието нема да одржува пленарни седници за време на изборната кампања за локалните избори, иако како што посочи Гаши во случај на итност собранието е во постојано заседание. *Архива собрание фото Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation „Диџеј Ахмет“ во Сараево, филмот освои три големи награди! Прекин на водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа на улица Самоилова.