Tринеделениот зимски распуст заврши, основците и средношколците денеска се враќаат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи, за да го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година. Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година. – Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн-наставата. Но, овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење часови преку телевизија, рече министерката Мила Царовска пред два дена во телевизиско гостување. Оценката на МОН е успешно прво полугодие – тек на наставата според планот, навреме завршено оценување, над 90 отсто ученици во онлајн-настава и помалку од 1 процент наставници и ученици активни на COVID-19 во наставата со физичко присуство. Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] [metaslider id=”9079″] [metaslider id=”19490″] Post navigation РЕГИСТРАЦИЈАТА ПО ПОЛОВИНА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА СО СТРАНСКИ ТАБЛИЧКИ 171 ПРЕКРШОК И СООДВЕТНИ САНКЦИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ ВОЗИЛА СО БРЗИНА ПОГОЛЕМА ОД ДОЗВОЛЕНАТА