Започна STREETBALL 3X3 „Радовиш 2025“ – најсилниот Streetball настан ова лето!

Со првите натпревари синоќа на повеќенаменското игралиште во СОУ „Коста Сусинов“ започна традиционалниот STREETBALL 3X3 –  натпреварување каде што оваа година има вкупно 12 екипи учесници од Македонија, Србија и Грција.

Турнирот е во соработка со „Sound of the net“, натпреварите се играат по правилата на FIBA. вчера се одигра 6 натпревари од групата Б, а денеска Сабота почнувајќи од 18:40 ќе се играат вкупно 12 натпревари од групите А и Ц.

Во Недела почнувајќи од 18:40 најпрво следуваат четвртфиналињата, потоа полуфиналињата и големото финале во 22:00 часот.

Повелете на добра забава и бидете дел од најсилниот Streetball настан ова лето!

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации