Љупче Почивалец, новиот градоначалник на Општина Радовиш доаѓа на позицијата од секретар во Општина Радовиш. Тој е дипломиран правник од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, со долгогодишно работно искуство – започнато со стажирање во Основниот суд во Радовиш, подоцна ангажиран во Агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија, се вработува во ЈП Македонски шуми подоцна ја презема функцијата раководител на подружница ПШС ,,Плачковица” на ЈП “Национални шуми”.
На локални избори 2021 година беше избран за советник во Советот на општина Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А од истата 2021 година до денес беше Секретар на Општина Радовиш. Роден 1981 година, оженет и родител на две деца.
Почивалец на последните локални избори победи во првиот круг освојувајки 2525 гласа повеќе од својот противник од СДСМ.
Му посакуваме многу успех во градоначалничкиот мандат на новиот градоначалник Почивалец.









Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



