На 28 август, Радовиш повторно ќе го одбележи Денот на македонските рудари со вечерна концертна програма отворена за граѓаните. Годинава на сцената ќе настапат две препознатливи имиња на македонската рок-сцена – „Меморија“ и „Ареа“.

За Радовиш, 28 август одамна има посебно место во локалниот календар. Рударството со децении е дел од економскиот и професионалниот развој на овој крај, а Денот на македонските рудари е празник тесно поврзан со градот и неговата рударска традиција.

Четврта година по ред, празникот ќе биде проследен и со концертна вечер за граѓаните., со што продолжува практиката воспоставена во изминатите години.

Годинашната програма е во знакот на македонскиот рок. Вечерта ќе ја отвори „Меморија“, по што на сцената ќе настапи „Ареа“. Музичката вечер ја организира рудникот „Бучим“ по повод Денот на македонските рудари.

 

ПРОГРАМА

21:00 – 23:00 часот
Настап на групата „Меморија“

Од 23:00 часот
Настап на групата „Ареа“

📍 Паркинг Орел, Радовиш

 

Настанот е отворен за граѓаните.

Со годинашната програма продолжува четиригодишната традиција на јавно одбележување на 28 август – Денот на македонските рудари во Радовиш.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!