НАНЕ – чудесната билка

Нането, познато уште како мента е вид на цветно растение кое расте во услови на континентална клима. Во наши услови е распространето по високите планински предели и ливади. Во исто време нането е една од традиционалните лековити билки и намирник кој буквално е присутен во секое домаќинство.

Култивираниот вид мента пиперита (Меntha piperita) расте до 80 сантиметри. Успева на повлажни места.Стеблото и листовите му се црвенкасти, цветовите му се долгнавести, сместени на врвот на стебленцето, во соцветие од ситни виолетови цветчиња. Култивираниот вид мента е настанат со природно вкрстување на дивите видови мента клватик (Меntha aquatic) и мента спиката (Мentha spicata).

Кај нас како растение е одамна познато и се одгледува по дворовите и по нивите. Може да се одгледува плантажно, на плодна почва богата со хумус и со многу влага. Кај нас во природата се сретнуваат голем број различни видови мента и сите се употребуваат како лековити растенија.

Нането е една од најпопуларните билки, позната уште од антички времиња, поради специфичната арома и лековитите својства. Кога ќе се изеде, билката создава освежувачко чувство на сетилото за вкус, непцата и грлото, како и врз носната празнина кога ќе се вдише мирисот. Ова се должи на присуството на есенцијалното масло ментол.

Употреба во кујната: 

Нането треба добро да се измие со вода, за да се отстранат евентуалните остатоци од земја или пестициди. За да се задржат аромата и вкусот, обично нането се додава при крајот на рецептите.

Совети за приготвување:

Листовите од нане се користат за приготвување чај.

Како база за вкус, се користи при приготвување на слатки, сладолед и гуми за џвакање.

Заедно со магдоносот, нането се користи за украсување јадења.

Нането исто така се користи за приготвување супи и сосови.

Свежо исечканите листови од нане се одличен додаток за зелените салати.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации