01 – 02 Ноември 2025 год.Традицијата продолжува! И оваа година, по четврти пат, ќе се собереме на добро познатото локација – Пилав Тепе – Плоча, за да му оддадеме почит на човекот кој остави длабока трага во алпинизмот во Македонија – Зоран Мајсторски.
Зоки беше многу повеќе од инструктор. Тој беше учител, мотиватор и пријател кој не научи дека планината не се освојува, туку се почитува. Со својата скромност, знаење и љубов кон висините, инспирираше генерации млади планинари и качувачи. Благодарение на него, многумина го најдоа својот пат во алпинизмот и научија што значи вистинско другарство на карпа.
Настанот ќе биде од слободен качувачки карактер, отворен за сите кои сакаат да се потсетат на неговиот дух и да споделат моменти на пријателство и искачување.
За време на настанот, може да се ноќева во Алпинистичкиот дом кој располага со капацитет од 10 кревети, кујна, инвертар и WC. А има и достапен простор за шатори за сите кои сакаат да кампуваат под ѕвезденото небо на Пилав Тепе.
Во случај на лоши временски услови, организаторите ги задржуваат правата за промена на датумот на настанот.
Навремено ќе биде објавен нов термин доколку има потреба.
Лица за контакт, информации и резервации:
Гоце Јовановски – (072-225-133)
Борче Ѓоргиев – (078-570-093)
e-mail: [email protected]
Да се собереме, да ја почувствуваме енергијата што Зоки ја оставаше зад себе и да продолжиме таму каде што тој застана со љубов кон планината, луѓето и животот.
Добродојдени сте сите со срце, јаже и насмевка !
Нека му е вечна славата, благодарност за сè што ни подари Зоки.
Со Почит !


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



