По вчерашната реакција на граѓани и фотографиите доставени до нашата редакција за фрлањето на отпад и формирање нова дива депонија покрај Радовишка Река, токму на местото каде што се наоѓа чешмата од која секојдневно вода за пиење полнат голем број наши сограѓани, денеска надлежните служби реагираа и го исчистија просторот.

За брзата реакција – благодарност.

Но, до кога ќе се повторува истото?



Дали конечно ќе почне да работи нашата совест? Дали е толку тешко отпадот да го оставиме на место предвидено за тоа, наместо покрај река, покрај чешма и во природа?

Чистењето е решение за последиците, но вистинското решение е да не создаваме вакви депонии.

Затоа прашуваме: Дали ние останатите не заслужуваме чиста, здрава и уредна средина?

Природата не е ничија лична депонија.

Чистата средина е заедничка одговорност.


 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!