Заедно со родителите, наставниците и сите кои беа дел од нивниот образовен пат, им беше оддадено заслужено признание на учениците за нивните успеси, а воедно беа споделени и најубавите моменти од изминатата учебна година. Свое поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Орце Трајанов, кој истакна дека учениците секогаш се гордоста на училиштето и најголемата потврда за посветената работа на наставниот кадар. На присутните им се обрати и градоначалникот Љупче Почивалец, кој упати искрени честитки до учениците, нивните ментори и родители за постигнатите резултати, посакувајќи им уште поголеми успеси, нови знаења, многу мотивација и континуирано напредување во образованието и животот. Свеченоста помина во прекрасна атмосфера, исполнета со гордост, радост и заслужени аплаузи за сите наградени ученици кои со својата посветеност и труд се пример за своите врсници и вистински амбасадори на училиштето. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Започна традиционалниот Streetball 3×3 турнир Сончево време, попладне локално невреме