Пионерската екипа на БК Бучим викендот што измина учествуваше на Меѓународниот турнир „President Cup“ во борење во Белград, Србија.

На овој турнир учество зедоа 240 борачи во категорија Пионери (мажи и жени) од 25 држави.

Борачкиот клуб „Бучим“  од овој турнир освои голем број на медали и тоа: Дени Јосифов во категоријата 62 кг. го освои второто место, исто така втора беше Зорица Јованова во категорија 45 кг., трето место освоија: Илија Атанасов 70 кг., Тамара Лазарова 33 кг, и Благица Тодорова и Михајло Илиев 33 кг..

Петтопласирани беа Стефан Митев, Ристе Ставрев, Мемет Усеинов и Ѓорги Горгиев, и без пласман остана Стефан Димитров.

error: Содржината е заштитена !!