Во знак на поддршка на Фудбалскиот клуб „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“, кој утре го има едно од најтешките гостувања во есенскиот дел, денес Градоначалникот Ацо Ристов го посети градскиот стадион и на фудбалерите лично им посака спортска среќа и успех на гостувањето во Гостивар. „Нека сплотеноста која владее во клубот, и давањето на максимумот на секој поединец бидат причина за успех до крајот на есенскиот дел“, изјави Градоначалникот Ристов. Покрај тоа, општина Радовиш сериозно се вложува и во подобрување на спортската инфраструктура и за таа цел пред неколку дена во посета на општината беше Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Г-дин Муамед Сејдини, кој заедно со Градоначалникот ги разгледаа условите на самиот градски стадион утврдувајќи дека потребни се одредени зафати на самата тревна површина и трибините. Фудбалот во Радовиш ќе има подобра иднина, да дадеме заедничка поддршка. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ВО СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ 10. ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЖФГ „РАДОВИШАНКИ ЕТНО“