Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 Јуни 2021 година, со следниот распоред: На 07.06.2021 година (Понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци. На 08.06.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица. На 09.06.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПАСОШИТЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2021 ГОДИНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО РАДОВИШ