Денес во просториите на Општина Радовиш се одржа примопредавање на функцијата градоначалник помеѓу досегашниот градоначалник Ацо Ристов и новоизбраниот градоначалник Љупче Почивалец. На средбата беше извршено формалното предавање на документацијата и тековните обврски што произлегуваат од функцијата. Настанот помина во конструктивна и достоинствена атмосфера, со заемна почит и желба за континуитет во развојот на Општината. Досегашниот градоначалник Ацо Ристов му посака на својот наследник успешно извршување на функцијата и изрази уверување дека Општина Радовиш ќе продолжи да се развива во интерес на своите граѓани. Новиот градоначалник Љупче Почивалец се заблагодари за досегашната работа и истакна дека приоритет на новата локална власт ќе бидат транспарентноста, одговорното управување и реализацијата на проекти кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на сите жители на Општина Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Одржана меѓународната кинолошка изложба во организација на КД „Фамилијарис“ Радовиш На Пилаф Тепе и оваа година ќе се одржи „Меморијалниот качувачки настан – во чест на Зоран Мајсторски“